Педесет производители со вкупно 87 мостри на бели, розе и црвени вина и ракии годинава учествуваа на традиционалниот натпревар што го организира Здружението„Винотек„ во соработа со Винскиот музеј –Кавадарци а под пкровителство на општина Кавадарци. Првичната оценка на производителите е дека на натпреварот за оценување на своите производи годинава се пријавие погоем број на индивидуални производители и тоа не само од Тиквешкиот регион тука од цела Македонија.
Оценувањето се изврши во петокот на 11. Февруари во Винскиот музеј од страна на шестчлена стручна комисија чиј претседател беше профееро д-р Михаил Петков од Земјоделскиот факултет во Скопје. Во функциај на оценувачи во комисијата беа енолозите : Јованка Цветкова од Валандово, Дејан Димов, Кирил Стојаноски и Ангел Лелов од Кавадарци заедно со професорот од СООЗШУ „Ѓорче Петров“ Горан Керов.
Големата златна диплома стручната комисија му ја додели на винарот Влатко Тасев од Кавадарци за виното „Ризлинг“ берба- 2020. Тасев воедно е добитник и на првата награда во категоријата бели вина, втората ја доби Ангел Костадиновски од Кавадарци за виното „Смедеревка- берба 2020 а третата награда Драги Петров од Виница са виното од сортата Совињон бланк – берба 2020.
Во категоријата розе вина радува податокот што се зголемува бројот на производители на вина од автохтоната сорта Станушина и дека оваа сорта полека но сигурно го пробива патот на пазарот и се повеќе е барано вино – вели претседателот на Здружението „Винотек“ Јован Еленов. Правта награда во оваа категорија ја освоија винарите Кирил и Филип од Скопје за виното од сортата Прокупец- берба 2020, втората Ристо Калчев од Богданци за виното од грозјето Мускат хамбург берба-2020 и третата награда му припадна на Глигор Гогов од Кавадарци за виното од Станушина – берба 2020.
Најголем број на мустри кои пристигнаа за оценување на ово натпревар беа вината од сортата Вранец каде комисијата очекуваше и повисоко ниво на квалитет. Првичната оценка на комисијата е дека во квалитетот на вината се чуствуваат последиците од августовските дождови кои се одразија негативно врз квалитетот на вината од сортата Вранец. Комисијата оцени дека годинава првата награда за вино Вранец му припаѓа на Божидар Илиевски од Скопје, втората на Ангел Андонов од Кавадарци а третата на семејната винарија „Мирон“ од Скопје.
Во категоријата жестоки пијалаци се оценуваа лозова ракија-жолта и мастика . Кај жолтата ракија првата награда ја освои Миле Лалков со ракија од реколтата 2009 година, втора награда Ангел Косадиновски од Кавадарци за ракија од 2016 и трета награда Митко Дојрански од Скопје. Кај мастиките најмногу поени и прва награда доби Никола Манчев од Струмица за мастика од 2015 , втора Горан Нотков од Неготино за мастика од реколтата 2020 и трета награда Миле Манчев од Струмица исто така берба 2020.
Целата манифестација е подржана од производители и дистрибутери на опрема за лозарство и винарство со разни привлечни награди за наградените производители- изјави претседателот на „Винотек“ Јован Еленов кој посебно потенцира дека оценувањето на пристигнатите мостри е спроведено со целосно применување на мерките пропишани од Министерството за здраство. Со симболично закројување на лоза и доделување на наградите на индивидуалните производители на вина и ракии денеска од 11часот во просториите на Винскиот музеј ќе се заокружи денешниот празнување на празникот Св. Трифун.
Мирјана Мукаетова