Премиерот Зоран Заев попладнево ги примил претставниците на Сојузот на средношколци во насока на продолжување на разговорите и изнаоѓање решение за нивните барања за модифицирање на државната матура.
Како што посочуваат од владината прес-служба, на средбата било нагласено дека претходно договореното решение во однос на државната матура, за полагање на два екстерни предмети останува.
– Преговорите продолжуваат во работни групи во делот на изнаоѓање најсоодветен концепт, односно модел за изведување на интерните предмети – се наведува во соопштението.
На состанокот присуствувале и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, директорот на Бирото за развој на образованието Зеќирија Хасипи, Ѓорги Тасев, советникот на премиерот за млади и младински политики и пратениците Моника Зајкова и Дарко Каевски.