Премиерот Зоран Заев денеска изрази поддршка за Петре Шилегов доколку актуелниот градоначалник на Скопје реши да се кандидира за нов мандат. Заев сепак, посочи дека кандидатурата мора да биде одобрена од партијата.
– Тој е мојот омилен градоначалник на градот Скопје. Давам поддршка на секој успешен градоначалник, но процедурите во СДСМ мора да се почитуваат – истакна Заев на прес-конференцијата за презентација на проектот за реновирање на Универзалната сала.
Уште не се знае кога во Македонија ќе пристигнат вакцините со кои треба да почне масовната вакцинација на населението.
– Денес очекуваме одговор на МНР на Кина за да ја продолжиме постапката. Во прашање се денови кога ќе стигнат вакцините. Не можеме да кажеме точен датум. Никаде во светот никој не може да каже оти има надостаток – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Тој ги коментираше и предлозите на претседателот на ВМРО-Народна Љубчо Георгиевски за подобрување на односите со Бугарија, нагласувајќи дека се слушнал со Георгиевски и оти тоа претставуваат негови лични ставови.
– Ставовите кои ги презентираше Љубчо Георгиевски се негови лични ставови. Веднаш разговарав со него и тој ми потврди дека тие ставови ги изнел како негови лични размислувања – рече Заев.