Најздравото решение за обвинителството е она донесено со консензус, порача претседателот на Владата Зоран Заев по денешната посета на рудникот „Бучим“ во Радовиш.
-Да постигнеме консензус за да не бараме решенија до касно во ноќта и рано наутро – рече премиерот.
Според него, најздраво решение е она коешто со консензус ќе го донесат сите, согласно уставот и законите, со најмалку две третинско мнозинство.
-Верувам дека овие преостанати неколку дена ќе не направат доволно мудри и одговорни, сите да бидеме одговорни пред граѓаните и да го усвоиме со консензус законот за јавно обвинителство – посочи Заев.
Запрашан дали е повикан како сведок во случајот „Рекет“, Заев одговори дека сѐ уште не добил покана, но стои на располагање за било кој термин.
Министерката за правда Рената Десковска вчера во Собранието на почетокот од дебатата за новиот Закон за Јавно обвинителство кажа дека доколку не се постигне компромис со опозицијата, ќе се предложат измени на Законот за судски совет.