Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека законот за јавно обвинителство треба
да се донесе бидејќи на тој начин Македонија ќе покаже промена на начинот на размислување, и оти тоа е потребно за отворање на пристапни преговори со ЕУ.
Жбогар на брифингот со новинарите повтори дека новата методологија на ЕУ е одлична вест за Западен Балкан и добитна ситуација за регионот и за Унијата.