Реформите во медиумите и исполнување на стандардите на Европската Унија во медиумската сфера беа главните теми на денешната средба на раководството на Македонската асоцијација на новинари со раководството на Агенцијата за аудиовизуелни и медиумски услуги, наведоа од МАН.
Посочија дека соговорниците констатирале оти се потребни дополнителни законски измени и унапредувања согласно европската пракса.
– МАН и АВМУ и во следниот период ќе продолжат со интензивна комуникација и меѓусебна соработка, соопштија од Асоцијацијата.
На состанокот присуствуваа претседателката и генералниот секретар на МАН, Ивона Талевска и Александар Михаилов, како и директорот на АВМУ Зоран Трајчевски.