Прочка (Велики поклади) е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокотна велигденските пости. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден (најважниот верски празник во христијанството).
Од религиозен аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Според традицијата, Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.