Министерството за здравство информира дека резултатите на двајцата лекари кои се вратиле од конгресот во Мадрид се негативни на коронавирус.
Тие се вратиле во земјава во саботата навечер, а вчера Светската здравствена организација ги извести здравствените власти дека во текот на вчерашниот ден кај еден од предавачите на конгресот било утврдено дека е заболен од коронавирус.
По тестирање на инфективната клиника, тие остануваат во домашна изолација во наредните 14 дена.
По последната информација дадена за медиумите денеска во 13 часот, на коронавирус тестирани се уште 2 лица, еден кинески и еден наш државјанин. Кинескиот државјанин денеска пристигнал на скопскиот аеродром, но иако немал симптоми, службите на аердоромот го изолирале и веднаш го контактирале Институтот за јавно здравје, бидејќи е патник кој доаѓа од Кина.
Македонскиот државјанин е наш студент во Италија. И тестовите на овие две лица се негативни на коронавирус, соопшти Министерството за здравство.