„Вечери на женски права“ е настан кој од 2010 година традиционално се организира на различни локации во Скопје и нуди алтернатива за прославувањето на Меѓународниот ден на жената – 8ми Март.
Преку уметност, филм и музика, „Вечерите“ поттикнуваат жените и мажите да размислуваат критички за родовата нееднаквост и да оддадат почит на досегашните достигнувања. Оваа година, „Вечерите“ се организираат под глобалната тема за одбележување на 8 Март: „Жени во лидерство: остварување еднаква иднина во свет на ковид-19“.
12-тото издание на „Вечерите на женски права“ ќе се одржи од 6 до 8 март 2021 во Младинскиот културен центар – МКЦ, Културно информативниот центар – КИЦ и на VOD платформата Cinesquare, како и на крајот на мај во Кинотеката на С. Македонија.
Овогодинешното издание на „Вечерите на женски права“ е организирано од страна на Институтот за човекови права и Авард филм и видео, со поддршка на Град Скопје и канцеларијата на UN Women во Скопје.