Децата од градинката „Пржино“ од Кисела Вода, за најмладите пациенти, кои се лекуваат на „Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле“, изработија повеќе подароци и новогодишни фигури.
Новогодишните подароци на медицинскиот директор на ЈЗУ „Институт за белодробни заболувања кај децата“, на м-р д-р спец. Ангелчо Андоновски и на главната сестра, Суза Кочовска, која во болничките соби на дечињата им ги подели подароците, им ги врачи директорката на ЈДГ „8 Март“, Павлинка Топузоска.
За иницијативата за подготовка и дарување подароци, Општина Кисела Вода упатува голема благодарност до директорката, негувателките и воспитувачките. Градинката „Пржино“ е во надлежност на ЈДГ,,8 Март“.