Студентите од Институтот за историја при Филозофскиот факултет организираа герила акција пред Министерството за образование и наука против реформите во образованието, барајќи да се повлече новиот концепт на МОН. Учесниците на протестот се пожалија и дека немаше јавна дебата за ова прашање, иако таа беше најавена.
– На најподмолен начин пробуваат да протуркаат нешто што нема да претставува модерна реформа, туку со слевањето на предметите едни во други ќе настане тотална деструкција на многу научни предмети, а пред се, на нешто што е државотворно за нас Македонците, а тоа е македонската историја. Целиот универзитет Свети Кирил и Методиј, целата Македонска академија на науките и уметностите, сите релевантни и меродавни институции се изјаснија против овој нов концепт. Уште кој треба да им даде до знаење дека треба да запрат? Ние не замолуваме, туку бараме под итно да се повлече новиот концепт на министерството за образование и наука – истакнаа учесниците на протестот.