Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде помеѓу 7 и 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 15 до 32 степена.
Утре и за време на викендот претежно во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни.