Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во крајните планински региони ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура од 10 до 18, а максималната од 27 до 35 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Температурата ќе биде од 16 до 33 степени.
Во недела и понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од вторник ќе биде ветровито со услови за локален пороен дожд.