Во посета на Прилеп денеска беше амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј, која оставри средба со градоначалникот Илија Јованоски. Како што инфромираат од општината, амбасадорката и градоначалникот разговарале на актуелни општествено-економски и политички теми и прашања поврзани со референдумот што ќе се одржи во недела.

– Разговаравме за теми од работата на локалната самоуправа, кои се нашите проблеми и заложби, нашите перспективи и планови во иднина. Разговаравме и за општествено-политичката состојба во која што сега, се наоѓа Република Македонија и за она што треба да направиме во иднина – посочил градоначалникот Илија Јованоски., при денешната средба со амбасадорката.

Амбасадорка на Велика Британија, ја посочила добрата британско-македонска соработка, а станало збор и за начините на коишто може да биде зајакната таа соработката.

Во рамките на својот престој во Прилеп, британската амбасадорка ќе ја посети и конфекцијата „Комфи –ангел“.

Ка.М.