Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава. Од синоќа раководам со Главниот штаб за управување со кризната состојба предизвикана од ковид-19, порача преку Фејсбук Стојанче Ангелов, кој неодамна беше избран на функцијата директор на Центарот за управување со кризи, додавајќи дека добредојдени се сите конструктивни идеи за подобро справување со корона-кризата.
– Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава. Од синоќа раководам со Главниот штаб за управување со кризната состојба предизвикана од ковид-19. Заради поуспешна работа на Главниот штаб, покрај учеството на многуте стручни лица од различни институции, добредојдени се и сите ваши конструктивни идеи, забелешки, совети и критики кои може да ги напишете на фејсбук-страницата на Центарот за управување со кризи – апелираше Ангелов.