Благодарение на доброто работење на менаџментот на АД ЕЛЕМ во минатиот период, намалените трошоци, оптималното искористување на производните капацитети и продажбата на вишок на елекрична енергија, кои беа направени во минатиот период, овозможија АД ЕЛЕМ во барањето за определувањето на максималниот акумулиран приход за 2018 година, до Регулаторната комисија да побара намалување на производната цена на електрична енергија за АД ЕЛЕМ, за 1,5 процент за оваа година.

Ваквата вест на првиот човек на АД ЕЛЕМ Драган Миновски ја најави на денешната прес конференција во РЕК “ Битола “ која беше свикана по повод одблежувањето на 34 години од пуштањето во работа на ТЕ Битола 2 и почетокот на ремонтните активности во првиот блок.

M.M.