Сè додека нема говор на омраза, радоста ќе ја славиме како што сакаме, вели министерот за образование, Арбeр Адеми, откако во петокот навивачката група „шверцери“ за јубилејот на фубалскиот клуб Шкупи го оштети инвертарот во Македонскиот народен театар.
– Радоста, среќата и јубилеите може да ги славиме како што сакаме, сè додека не се употребува говор на омраза. Тоа е недозволиво, без разлика од кој и да е. Не сум видел нешто невообичаено. Ако имало говор на омраза го осудувам без разлика од кого е, но ако немало говор на омраза, можеме да славиме. Говорот на омраза или какво било друго поведение коешто би го загрозило редот и мирот, тоа секако го осудуваме, без разлика од кој и да е – рече Адеми.
Според него, нема ништо невообичаено во тоа навивачи да слават јубилеј во културна институција.
– И навивачите можат да бидат културни и да слават во културна институција. Јас би сакал уште почесто во културни институции да слават јубилеи на културен начин – истакна Адеми.