Деведесет и шест случаи на ковид-19 се регистрирани во изминатите три дена (24-26 септември), од кои 19 се реинфекции, соопшти денеска Министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, новозаразените се потврдени од 962 направени тестови. Од вкупниот број, 66 се во Скопје, пет во Куманово, четири во Велес, по три нови случаи има во Прилеп, Тетово, Кавадарци, Охрид и Кичево, по два во Битола и Штип и по еден новозаразен имаат Гевгелија и Неготино.
Во текот на изминатите три дена починал 87-годишен пациент од Скопје, во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, пријавени се три починати лица – две од Скопје (91г и 89г) и едно од Кавадарци (71г), со датум на смрт во периодот од 29 август до 15 септември 2022. Двајца починале во домашни услови, а еден во болница.
Во трите изминати дена се регистрирани 288 оздравени пациенти и тоа од Скопје 131, Куманово и Прилеп по 21, Битола 19, Охрид и Штип по 12, Ресен и Делчево по 10, Струмица осум, Велес и Кавадарци по шест, Гевгелија, Радовиш и Крушево по пет оздравени, Демир Хисар четири, Тетово три, Кичево, Гостивар и Крива Паланка по двајца оздравени и по еден во Неготино, Валандово, Кратово и Македонски Брод.
Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.615 од направени 2.166.641 тестирање. Оздравени пациенти се 332.710, починати 9.531, а активни случаи има 374.