Официјални лица во Њујорк и предградието Рокленд најавија нови мерки во борба против ширењето морбили.
Властите имаат проблеми со епидемијата на мали сипаници во екстремни православни еврејски населби, кои се борат и со тужби за обидот на воведување задолжителна вакцинација.
Како мерка се планира на заболените од морбили да им се нареди да не ја напуштат куќата, а здравствениот одбор на Њујорк денеска ќе разгледува дали да ја продолжи наредбата за задолжителна вакцинацијата во делови на Бруклин.
Во Њујорк од октомври се пријавени 329 случаи на заболени од морбили, додека во Рокленд се потврдени 186 случаи.