Во рамките на предизборните активности, носителот на листата во И.Е.5,Радмила Шеќеринска, имаше целодневни активности во Кичево. Таа својата активност ја заокружи со вечерашното обраќање пред граѓаните на Кичево,на трибината на која се обратија и кандидатот за пратеник од ЛДП, Боби Мојсоски, од партијата Беса, Мелинда Рушити и Енес Ибраим кандидат од Турската демократска партија.
Како иден пратеник од Кичево најпрво на присутните им се обрати Боби Мојсоски, кој ги потенцира веќе остварените резултати и плановите за во наредните 4 години кои ги проектира оваа коалиција за развој на Македонија и на кичевскиот регион, и најави дека она што се ветува ќе биде и исполнето, за што и самите граѓани ќе бидат сведоци.
Кандидатот за пратеник од Турската демократска партија Енес Ибраим рече, дека пред 3 години е срушен режимот, вратена е демократијата во земјава и ги истакна плановите за развој во општините каде што живее турското малцинство, Пласница, Центар Жупа и Кичево. Мелинда Рушити од партијата Беса, најави големи промени во демократското живеење во земјава во што голем придонес ќе даде нејзината партија.Најопширно беше обраќањето на носителката на листа во И.Е.5 потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.Таа ги истакна сите остварувања на внатрешен и меѓународен план, од влезот во НАТО,скорешното членство во Европската Унија, демократските промени а секако не ги заборави ни плановите за развој на општина Кичево.
– Покажавме дека можеме како луѓе,како сојуз,како партнери,како партии да направиме пресврт и тој пресврт се виде во двеипол години. За само двеипол години, направивме пресврт таму каде што многу малку се надевавме. Почнавме за првпат не само да зборуваме, туку да покажуваме дека поправична држава може да биде добра држава. Целиот изминат период ни говореа дека тоа е невозможно, ние покажавме дека со душа и срце кога ќе се зафатиш со работата само небото е крајот. За само двеипол години минималната плата ја покачивме двапати од 9 000 на 14 500 денари и не застануваме тука, бидејќи платата е шанса за достоинствен живот – рече Шеќеринска и во продолжение на своето обраќање ги најави проктите кои ќе се реализираат во наредниот четири годишен мандат.
– Почитувани немаме време за губење и нашиот фокус е да покаженме дека можеме и повеќе и подобро. Ние превземаме обврска да градиме нова развојна економија.Преземаме и нови обврски како ќе ја развиваме таа економија. Предвидуваме во нашата економија да вклучиме 600 милиони евра како поддршка да ги зачуваат работните места и отворање на нови. Од овие 600 милиони 300 милиони доаѓаат директно од буџетот, додека 300 милиони евра доаѓаат од европските фондови – додаде Шеќеринска и најави дека работите на автопатот Кичево-Охрид се развиваат според предвидената динамика и во 2021 година истиот ќе биде предаден во употреба.
РЕК-Осломеј наместо како досега да користи фосилни и горива што загадуваат, ќе се насочи кон производство на чиста енергија од обновливи извори како што е соларна енергија,Сите работници ќе ги задржат своите места и не само што ќе ги задржат, туку ќе имаме и нови вработувања,Ја најавувам и инвестицијата од 300 милиони денари за финализација на кичевскатаОпшта болница, која не само инфраструктурно туку и персонално ќе биде зајакната со лекари од сите профили-заврши Шеќеринска.
На крајот присутните на трибината им поставуваа прашања на гостите и кандидати за пратеници на претстојните парламентарни избори.