Државниот совет на Турција изгласа едногласно да го смени статусот на музејот Света Софија во џамија, напиша турскиот новинар Раџип Сојлу на својот профил на Твитер, повикувајќи се на извори во турската влада.
Според него, промената во статусот на музејот ќе биде официјално објавен на 10 јули.
На 2 јули беше соопштено дека турските власти размислуваат за промена на статусот на Света Софија. Тогаш беше наведено дека, според најновите истражувања, околу 70 проценти од турските испитаници ја одобруваат одлуката за пренамена во џамија.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео, како и Руската православна црква, се спротивставија на промената на статусот на оваа туристичка атракција. Државната Дума на Русија поднесе жалба до Големото национално собрание на Турција во врска со Света Софија.
Црквата Света Софија е осветена на 27 декември 537 година. Околу илјада години таа била најголемиот храм на светот, но подоцна била претворена во главна џамија за време на Отоманската империја.
Света Софија има статус на музеј од 1935 година, а во 1985 година беше признаена како светско наследство на УНЕСКО.