Сите закажани рочишта за денеска за предметите што ги води Специјалното јавно обвинителство, „Титаник“, „Титаник 3“ и „Тортура“, беа одложени поради префрлање на предметите од СЈО во Републичкото јавно обвинителство.
Како што кажа обвинителката Лиле Стефанова од СЈО, најверојатно ќе бидат одложени наредните неколку рочишта додека не се одлучи кои обвинители ќе ги водат предметите.
Уште лебди во воздух прашањето дали актуелните обвинители во СЈО ќе продолжат да ги водат случаите или Јавното обвинителство ќе назначи нови обвинители, а оние од СЈО ќе бидат вратени во матичните обвинителства.