Северна Кореја денеска, во присуство на странски новинари, го уништила полигонот за изведување нуклеарни проби.
Полигонот Пунгџери се состои од мрежа од тунели ископни длабоко под планината Мантапсан, во ретко населениот североисточен дел на државата.
Во овој полигон Северна Кореја ги изведе сите свои шест нуклеарни тестови.
На уништувањето на полигонот присуствуваа само странски новинари, но не и меѓународни инспектори.
Одлуката на Северна Кореја да го затвори објектот се смета за гест на добра волја од страна на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пред планираната средба со претседателот на САД Доналд Трамп.