„На сите Европски совети од мај досега сум зборувал со сите европски лидери за темата Р.С. Македонија. Сакам да им се заблагодарам затоа што по втор пат темата отпадна од дневниот ред. Нашите партнери најпосле разбраа каде е вистинскиот проблем. Проблемот длабоко го засега фундаментот на самата ЕУ – човековите права и дискриминацијата.“
Ова го изјавил бугарскиот претседател Румен Радев пред бугарските медиуми во Брисел, каде ќе учествува на средбата на лидерите на Европската Унија, пренесува БНТ.
– Ние ќе продолжиме да опстојуваме не само за историјата, туку и за правата на луѓето со бугарска самосвест. Ние рокови не даваме. Тој процес не се води од рокови, туку од резултати-потенцирал бугарскиот претседател.
Посочил и дека францускиот претседател Емануел Макрон ја знае бугарската позиција и дека не очекува притисок.