Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп ќе имаат едночасовна средба која е закажана за утре на маргините од самитот на Г20 во јапонскиот град Осака, изјави советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.
Тој додаде дека двајцата претседатели најверојатно ќе разговараат за прашањата за регионална стабилност, вклучувајќи ги Сирија, Венецуела и Иран, објави „Ројтерс“.
Според Ушаков, Путин на 29 јуни планира да се состане и со германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Агенцијата „Тасс“ повикувајќи се на информации од прес-службата на Елисејската палата, пренесе дека и францускиот претседател Емануел Макрон планира билатерална средба со Путин на самитот на Г20 во Осака.