Десет лица загинаа, а 30 се повредени, повеќето деца, кога еден полицаец влетал со автомобил на велигденската процесија во Гомбе, на североистокот на Нигерија, по што верниците го убија, изјавија сведоци и полиција, според агенцијата АФП.
Полицаец кој не бил на должност ја покосил поворката деца кои се движеле на велигденската процесија во Гомбе во неделата вечер, соопшти портпаролката на локалната полиција.
Десет лица се убиени, меѓу кои полицаецот и еден паравојник кој бил со него.
Двајцата мажи беа нападнати и убиени од огорчениот народ, објасни таа, додавајќи дека 30 повредени деца се во болница.