Министрите за надворешни работи на Кина, Јапонија и Јужна Кореја се состанаа во Пекинг за да разговараат за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Кинескиот министер, Ванг Ји изјави за време на состанокот дека официјален Пекинг ќе работи со двете земји со цел одржување на слободната трговија и стабилноста во регионот, пренесе „АП“.
Односите помеѓу Јапонија и Јужна Кореја се влошени откако Токио ја засили контролата на извозот на клучните материјали за производство на полупроводници.
Кина и Јужна Кореја неодамна почнаа да ги подобруваат односите по тешките санкции што Пекинг ги воведе поради одлуката на Сеул да го одобри поставувањето на американските системи за ракетна одбрана.