Специјалниот претставник на американскиот државен секретар за Западен Балкан, Метју Палмер, денеска ќе престојува во работна посета на земјава.
Од Министерството за надворешни работи информираа дека Палмер ќе оствари средба со министерот Никола Димитров, со кого ќе дискутираат за севкупниот развој на билатерални односи меѓу Македонија и Америка, како и за поддршката од САД за евроатлантските интеграции на нашата држава, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот.
Повеќе американски сенатори и американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер, неодамна ја критикуваа одлуката на ЕУ да не почне преговори со Македонија и Албанија бидејќи со неа им се оставало простор за влијание на Русија, Кина или Турција. Палмер изјави дека Стејт департментот на САД е „длабоко разочаран“ од одлуките на ЕУ.