Британскиот премиер Борис Џонсон ѝ порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на Шкотска.
Тој рече дека мора да се почитува резултатот од претходното изјаснување на граѓаните во 2014 година.
Лидерката на Шкотската национална партија (СНП) Никола Старџен вчера изјави дека сега е време земјата да одлучи за својата иднина и дека нејзината администрација следната недела ќе ги отвори правните процедури за распишување референдум за независност.