Бројот на загинатите во невремето „Денис“ коешто ја зафати Велика Британија се искачи на три лица, откако е пронајдено телото на 55-годишна жена, која од неделата беше пријавена дека е исчезната.
По невремето следуваа предупредувања за поплави опасни по живот, издадени се дури 480 предупредувања за поплави низ Англија, што досега е најголем број. Метеоролозите предвидуваат дека нивото на реките и понатаму ќе расте, најмногу во делови од северна Англија.
Во Германија пак, во невремето „Денис“ повредени се девет лица. Невремето предизвика проблеми и во сообраќајот на траекти меѓу Данска и Норвешка.