Министерството за образование и наука и Владата се должни и ќе ја спроведат матурата за да обезбедат можности за сите над 14.000 ученици коишто ја пријавија да ја полагаат и да продолжат да учат и да се запишат на факултет, се наведува во соопштение на ресорното министерство.
– Неодоговорно е да им се ускрати правото на оние кои решиле да продолжат на факултет. Учениците коишто не планираат да продолжат на факултет, имаат избор да полагаат само училишна матура и стручен испит. Државната матура оваа година ќе се полага по скратена и променета методологија како што МОН уште на почетокот на учебната година одлучи, а со тоа беа сложни и матурантите и средношколските здруженија и наставниците и родителите – велат од МОН.
Од таму додаваат дека бојкотот на група матуранти не оди никому во прилог и во овој случај е целоснонеоправдан.
– Бојкотирање на оваа суштинска должност и одговорност е неприфатлива. Апелираме дека образованието мора да продолжи да тече дури и во услови на пандемија, бидејќи се работи за иднината на младите генерации – посочуваат од ресорното министерство.