Како и што се очекуваше, легендата на Барселона и на аргентинската репрезентација, Лионел Меси по шести пат ја освои најелитната индивидуална награда во фудбалот, „Златната топка“ на „Франс фудбал“, победувајќи го во изборот дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк и својот стар ривал, Кристијано Роналдо од Јувентус.
Меси го доби трофејот од рацете на Лука Модриќ, откако минатата година Хрватот успеа да го прекине владеењето на Меси и на Роналдо, кои една деценија ги делеа „Балон д’ор“ наградите меѓу себе. Со трофејот, Меси може да се пофали како најдобриот на сите времиња, бидејќи останува со еден трофеј пред Роналдо.
Мала сенка на доделувањето на наградата беа „протечените“ информации дека наградата е во рацете на Меси, што предизвика самиот Роналдо воопшто да не присуствува на гала-церемонијата во Париз, посебно лут што е дури зад Ван Дајк.
ЗЛАТНА ТОПКА 2019
1.Лионел Меси (Аргентина, Барселона)
2.Виргил ван Дајк (Холандија, Ливерпул)
3.Кристијано Роналдо (Португалија, Јувентус)
4.Садио Мане (Сенегал, Ливерпул)
5.Мохамед Салах (Египет, Ливерпул)
6.Килијан Мбапе (Франција, Пари Сен-Жермен)
7.Алисон Бекер (Бразил, Ливерпул)
8.Роберт Левандовски (Полска, Баерн Минхен)
9.Бернардо Силва (Португалија, Манчестер сити)
10.Ријад Марез (Алжир, Манчестер сити)