Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ако резултатите од извештајот на Комисијата на ЕУ во март бидат позитивни, тој ќе ги поддржи Македонија и Албанија во започнувањето на преговорите за да влезат во блокот, пренесува „Ројтерс“.
– Го чекаме извештајот во март, во зависност од тоа ако резултатите се позитивни и се утврди доверба, тогаш треба да бидеме во состојба да ги започнеме преговорите – рече Макрон пред конференцијата за безбедност во Минхен.