Грција е во обвивка од сахарска песок. Поради песокот, морето одвај може да се забележи од Акропол, објавува „Катимерини“.
Ветерот од Либија дува и носи големи количини песок. Најмногу погодени се областите во централна и во западна Грција, Пелопонез и Крит.
Високи концентрации песок се очекуваат денес и утре.
Метеоролозите објаснуваат дека сахарската прашина ја носи ветер кој е создаден од комбинација на системи со низок и висок притисок во западниот и источниот Медитеран.