Министерството за здравство информира дека резултатите на првозаболената пациентка со коронавирус се негативни на овој вирус. Таа втор пат беше тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.
Министер за здравство Венко Филипче, објави на својот твитер профил дека првозаболената пациентка по второто тестирање покажала негативни резултати за коронавирусот.
Резултатите на првозаболената пациентка со корона вирус се негативни на овој вирус. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на @WHO.
— Венко Филипче (@VFilipche) March 10, 2020
Негативна на коронавирус е и 16-годишната пациентка со неспецифични знаци за горнореспираторна болест.
Во меѓувреме, тестирани беа и други двајца пациенти, за кои резултатите се исто така негативни на овој вирус.
– Здравствената состојба на шесте пациенти што се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката – соопшти Министерството за здравство.
На денешната владина седница се усвоија нови дополнителни мерки за превенција од ширење на коронавирусот. Дел од овие нови мерки предвидуваат затворање на градинките, ѕчилиштата и универзитетите во наредните 14 дена, се забрануваат масовни собири со над илјада учесници, спортските натпревари треба да се одржуваат без публика…