Двајца американски и еден британски војник загинаа во напад врз ирачката база Таџи, северно од Багдад. Во нападот се ранети десетина лица, соопштија воени извори.
Петнаесет проектили паднаа денес врз ирачката воена база Таџи во близина на Багдад, во која се стационирани американски војнции. Ова е 22 напад врз американски цели во Ирак од крајот на октомври.