Рускиот претседател Владимир Путин за време на состанокот со припадниците на руската армија најави повеќекратно зголемување на производството на оружје.
– Веќе кажав, видовме повеќекратно зголемување на количината на произведено оружје. Кога зборувам за индустријата и за растот на индустриското производство, тоа го имам на ум. Но не само тоа – рече Путин и посочи дека една третина од економскиот раст е остварен со потпирање на цивилниот сектор, пренесе „Танјуг“, повикувајќи се на „ТАСС“.
Путин нагласи дека стабилноста на финансискиот и економскиот систем и реалниот економски сектор се многу важни, „веројатно најважни“.
Рускиот претседател изрази уверување дека Западот нема да успее во обидите да ја уништи Русија.
– Суштината на проблемот не е во Украина, туку во оние кои се обидуваат да ја уништат Русија користејќи ја Украина. Нема да им успее. Тоа апсолутно не доаѓа предвид. Мислам дека свеста за тоа постепено расте на Запад – рече Путин.
Тој вети дека официјална Москва нема да се откаже од своите позиции, иако не сака да се бори бесконечно.
Немаме желба да се бориме на неодредено време, но нема да се откажеме од нашите позиции – рече Путин.