По заедничката литургија на митрополитот г. Тимотеј, надлежен архијереј на дебарско-кичевската епархија на МПЦ-ОА, заедно со епископот антаниски г. Партениј, архијерејот на Вселенската патријаршија г. Кирил, кој дојде во Бигорскиот манастир од Вселенската патријаршија со благослов на патријархот вселенски г.г. Вартоломеј, пред верниците тој соопшти дека „годинава неговата божествена светост, патријархот вселенски г.г. Вартоломеј ќе ја посети Македонија и на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, лично ќе му го врачи очекуваниот томос за автокефалноста на Македонската православна црква од Вселенската патријаршија“.
Извонредната вест беше прифатена со воодушевување од присутните, иако за некои од нив ова не беше новост, туку плод на долга, чесна и макотрпна работа, која има цел вистината и славата на МПЦ-ОА да продолжи токму онака како што била пренесувана од многу генерации црковни великодостојници на наша-та црква, како и од македонските православни верници.
На настанот со молитвено учество во богослуженијата учествуваше хорот „Тропос“ од Атина. Тие со своето прекрасно пеење му дадоа посебен тон на возвишеност на светиот чин. Хорот „Тропос“ е еден од најпознатите и најдобри хорови по источно православно пеење и е раководен од харахот Константин Ангелидис.
Прочитајте повеќе во утрешниот број на „Нова Македонија“