Израелските напади врз Иран убија најмалку 224 лица, а повредија повеќе од 1.000 од петокот – соопшти иранското Министерство за здравство.
-По 65 часа агресија од страна на ционистичкиот режим, 224 жени, мажи и деца загинаа како маченици – напиша портпаролот на Министерството за здравство, Хосеин Керманпур.
Повеќе од 90 проценти од жртвите беа цивили – додаде тој.
Израел започна невиден напад врз иранските воени и нуклеарни објекти во петокот наутро, велејќи дека целта му е да ја спречи Исламската Република да развива нуклеарно оружје. Иран одговори со напад врз Израел со стотици ракети и дронови.