Фото: Принтскрин

Вил Смит му се извини на Крис Рок за инцидентот на Оскарите, кога му удри шлаканица на сцената, опишувајќи го своето однесување како неприфатливо и неоправдано, пренесува „Би-би-си“. Академијата за филмска уметност и наука кажа дека би можела да преземе мерки против Смит, иако одземањето на Оскарот, што му беше доделен набргу потоа, не е спомнато.

-Сакам јавно да му се извинам на Крис. Претерав и тоа беше погрешно – изјави Смит.

Тој се качи на сцената откако Рок кажа шега за избричената глава на неговата сопруга Џејда Пинкет-Смит, која се бори со алопеција поради која ѝ опаѓа косата, го удри и потоа се врати на своето место во публиката и продолжи со вербална расправија.

Фото: Принтскрин

Набргу потоа, Смит го прими Оскарот за најдобра машка улога и се извини, но не и на Рок.

-Насилство во секоја форма е отровно и уништувачко. Моето однесување беше неприфатливо и неоправдано. Шегите на нечија сметка се дел од нашата работа, но шегата за медицинската состојба на Џејда беше премногу за мене и реагирав емотивно – напиша Смит на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

Академијата го осуди однесувањето на Смит и најави формална истрага на инцидентот, согласно законите на Калифорнија.

Шлаканицата на Вил Смит ги размрда и оние што веќе не гледаат возбуда во „Оскарите“