Во големата трагедија што ја потресе јавноста во која синоќа беа убиени 43-годишен татко и неговиот малолетен син, а нивниот роднина што ги убил потоа, како што информираат од полицијата, се самоубил, се одвивала престрелка со полицијата.
За кривично правниот настан Убиство и самоубиство на 12 јули 2025 година во Прилеп, според првичните сознанијата со кои во моментот располага СВР Битола-ОВР Прилеп се следните:
-На 12 јули 2025 година околу 15 часот П.Ѓ.(62) од Прилеп телефонски му се јавил на неговиот внук од сестра П.Ч.(43) од Прилеп, го поканил да оди во неговиот дом во Прилеп, но инсистирал со себе да го поведи и неговиот малолетен син, односно внук од сестра на П.Ѓ..
-Според првичните сознанија, П.Ч. по поканата од неговиот вујко го зел со себе малолетниот син, кажал на неговата сопруга К.Ч. (43) дека неговиот вујко инсистира да оди во негова посета заедно со детето, при што истите заминале.
-Според првичните информации и сознанија од очевидци кои ги има ОВР Прилеп околу 15:30-16:00 часот во непосредна близина на куќата на сега починатиот П.Ѓ. се слушаат истрели од огнено оружје, (најверојатно тоа бил моментот на убиството во кое П.Ѓ. ги застрелува внукот и неговиот малолетен син) но, до тој момент нема никаква пријава во ОВР Прилеп за какво било пукање на подрачјето на Прилеп.
-Според сознанијата до кои дојдоа полициските службеници од ОВР Прилеп, на Фејсбук-профил за кој се претпоставува дека е креиран и припаѓа на вујкото П.Ѓ. во 17:10 часот, поставен бил статус со сомнителна содржина со кој ја прозива неговата сестра и внукот (според времето на објавување се претпоставува дека статусот е објавен по убиството на внукот и неговиот малолетен син).
-Сопругата на сега убиениот П.Ч. според сознанијата, по извесно време пробала да ги добие телефонски сопругот и синот, но откако не ги добила, се упатила кон куќата на вујкото на нејзиниот сопруг, по што видела дека влезната врата е затворена, а никој не се одзвива на нејзините довикувања. Надвор пред куќата го забележала паркирано патничкото возило на нејзиниот сопруг. Таа, по одредено време, во 21:20 часот го пријавува настанот во ОВР Прилеп каде пријавува дека истиот ден од домот се оддалечил нејзиниот сопруг заедно со нивниот малолетен син и посочува дека најверојатно се наоѓаат во домот на вујкото на нејзиниот сопруг.
-Откако во 21:20 часот го пријавува настанот во ОВР Прилеп, веднаш, полициски службеници се упатуваат кон куќата на ул „Стеван Апостолоски” во Прилеп и по пристигнувањето на наведената адреса да извршат проверка по пријавата. Во домот на П.Ѓ. никој не ја отворил вратата. Веднаш било стапено во контакт со јавен обвинител, по што била издадена наредба од јавен обвинител полициски службеници со употреба на сила да ја отворат вратата. Кога влегле во куќата П.Ѓ. фрлил бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала. Откако полициските службеници излегле од куќата, од страна на П.Ѓ. било пукано кон нив, при што полициските службеници возвратиле со пукање од службено оружје кон куќата и известиле по радио врска дека во 22:40 часот према нив пукано е од огнено оружје на ул.„Стеван Апостолоски“. По кратко време П.Ѓ. со огнено оружје се самоубил. На местото на настанот пристигнала екипа на Итна медицинска помош Прилеп каде од страна на доктор била констатирана смрт како последица од огнено оружје кај П.Ч, П.Ѓ. и 13-годишен малолетник.
-На 13 јули 2025 во 01:20 часот од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп во присуство на јавен обвинител бил извршен увид на ул.„Стеван Апостолоски “ во Прилеп при што од увидот било констатирано дека во куќа со приземје и кат со дворно место пред влезната врата како и во домот беа пронајдени чаури од огнено оружје, како и влезно излезни траги од проектили. Во ходникот на подот пронајдена била и една рачна бомба М93. Исто така на влезот од собата пронајден бил пиштол калибар 9 милиметри и пиштол калибар 7,65 милиметри, документи, парични средства како и договори за имот и останати документи.
-Од страна на јавен обвинител била издадена наредба врз телата на починатите да се изврши обдукција.