Поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби утрово е приведен на граничниот премин Блаце, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
– Денеска (23.2.2026) во 6:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ – соопшти Министерството за внатрешни работи.
Груби е осомничен за проневера во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за криминал од осум милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.




































