Фото: Маја Јаневска-Илиева

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од дожд и снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Во останатите делови од државата врнежите се од дожд, соопшти ЈП „Македонија пат“.

Намалена видливост поради појава на магла до 100метри има на патниот правец Страцин – Кратово и од 50 – 100 метри на патниот правец Велес – Катланово.

Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.