Новите податоци покажуваат зголемување на трошоците за живот во Русија.
Како што јави Би-Би-Си, растот на цените следува по руската интервенција на Украина.
Цената на некои основни производи за домаќинство, како на пример шеќерот, „скокнале“ за 14 отсто минатата недела.
Се проценува дека инфлацијата ќе продолжи да расте во Русија, каде рубљата изгуби 22 проценти од својата вредност од почетокот на годинава.
Во текот на вчерашниот ден, руското Министерство за економија соопшти дека годишната инфлација „скокнала“ за 14,5 отсто заклучно со 18 март – што претставува највисоко ниво, од крајот на 2015 година.
Цената на шеќерот е зголемена најмногу, а потоа следува кромидот, пелените за бебиња, црниот чај, тоалетната хартија, …
Медиумот потсетува дека голем дел бизниси се повлекоа од Русија поради војната. Други пак, како швајцарскиот гигант Нестле, ги повлече главните брендови како „КитКат“ и „Несквик“.
Видеа на социјалните медиуми покажуваат како купувачи се обидуваат да купат шеќер и леќа во супермаркети во Москва.
Заменик премиерката Викторија Абрамченко им порача на жителите дека нема потреба од паника за да се купат овие работи.
– Има доволно за сите, истакна таа