Фото: Илустрација - принтскрин/Jутуб

Руските  противвоздушни  сили ноќеска собориле вкупно 28 украински беспилотни летала над територијата на Руската Федерација – соопшти утринава руското Министерство за одбрана.

Руските системи за противвоздушна одбрана уништија украински беспилотни летала над Крим, Азовското Море, Краснодарската територија, Белгородската и Ростовската област – се наведува во соопштението, што го пренесоа руските медиуми.

Откако Русија го започна нападот врз Украина, на 24 февруари 2022 година, Москва речиси секојдневно соопштува за напади на украински дронови на границата и централните области, како и на Крим.