Принтскрин

Проф. д-р Георги Сталев Поповски е автор на првиот препев на македонски јазик во форма на стихови на поемата „Сердарот“ од македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев.
Сталев Поповски е роден во Витолиште, прилепско во 1930 година. Тој е македонски поет, прозаист, драмски писател, научен работник, преведувач, доктор по филолошки науки и универзитетски професор.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ со традиционалната „Прличева визита“ ја одбележи 132-годишнина од смртта на патронот Прличев. Во рамки на одбележувањето м-р Милчо Јованоски од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид напрви видео-интервју со проф. д-р Георги Сталев Поповски.
Погледнете го.

Интервјуто го снимаше продукцијата „Love & Life“.