Фото: ДЗС

Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР.

Оттаму додават дека во координација со другите надлежни институции Министерството презема мерки за гаснење на пожарот.

Апелираат до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гаснењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што Министерството навремено ќе ја информира јавноста.

Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез во и од Македонија. Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија преминот е затворен за сите видови возила и лица.

Претходно од АМСМ информираа и дека од 16 часот во прекин е сообраќајот на „Јадранска Магистрала“ во еден правец – од клучка Приштина кон бензинска пумпа „Дизел“.