Полска утре од Унгарија ќе го преземе шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, при што, како што е најавено, ќе ги поддржи активностите кои ја зајакнуваат европската безбедност во сите нејзини димензии – надворешна, внатрешна, економска, информативна, енергија, храна и здравје.
Полска го презема претседавањето со Советот на ЕУ во време на неизвесност и загриженост, а според програмата на ова претседателство се споменува и поддршка за проширување на ЕУ засновано на заслуги.