Војната во Украина е во 353ти ден, а по жестоките конфликти околу Бахмут и Запорожје, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара помош од ЕУ за модерно оружје.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека одлуката за испорака на борбени авиони на Украина мора да ја донесе НАТО.
Киев бара руските и белоруските спортисти да бидат исфрлени од сите меѓународни спортски натпревари. Москва одговара дека ваквата иницијатива е јасно кршење на законот.
Вчера Русија започна нов бран ракетни напади врз енергетската инфраструктура ширум Украина, што предизвика загуба на електрична енергија во милиони домаќинства, тврди Киев.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили лансирале најмалку 70 проектили во уште еден масовен напад, според видео пораката на Телеграм.
– Неколку руски ракети поминаа низ воздушниот простор на Молдавија и Романија. Овие проектили се предизвик за НАТО и колективната безбедност. Ова е терор што може и мора да се запре – додаде Зеленски.
Властите на Молдавија ги потврдија наводите на Украина – дека руски ракети го прелетале воздушниот простор на земјата. Романија, пак, вели дека руската ракета прелетала 35 километри од нејзината граница.
Руската армија во Херсонската област го одби слетувањето на украинската војска на левиот брег на реките Днепар, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Во Брисел, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од ЕУ помош за модерно оружје, тој бара авиони, артилерија и проектили.
Германското Министерство за одбрана објави дека испраќањето борбени авиони во Украина во моментов не е проблем за Берлин.
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека не ја исклучува можноста во одреден момент да испрати борбени авиони во Украина, но дека тоа не е приоритет.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека одлуката за испорака на борбени авиони на Украина мора да ја донесе НАТО.
Барањето на Киев руските и белоруските спортисти да бидат исфрлени од Олимпијадата во 2024 година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека иницијативата на европските земји да им забранат на спортистите што ги претставуваат Русија и Белорусија од сите меѓународни спортски турнири е јасно кршење на законот.