Илустрација / Фото: Принтскрин/„Ај-ти-ви њуз“

Палестинските власти и Хамас потпишаа документ во кој се договорија да формираат заеднички комитет за управување со повоениот Појас Газа, се наведува во извештајот објавен од порталот Ал-Араби Ал-Џадед.

Според извештајот, документот кој е потпишан предвидува формирање комитет со 10 до 15 водечки палестински личности.

Договорот дојде еден ден откако египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати објави дека ривалските палестински групи, Фатах и ​​Хамас, започнале разговори во Каиро за да ја стават Газа под целосна контрола на палестинската управа во која доминира Фатах, пишува Тајмс оф Израел.